„Опенхајмер“ ита кон Оскарите по наградата SAG


Историскиот еп за создавањето на најсмртоносното оружје „Опенхајмер“ освои неколку трофеи на SAG наградите во Холивуд во саботата, зголемувајќи ги шансите во трката за наградата за најдобар филм на доделувањето на Оскарите следниот месец.

Филмот за трката за првање на првата атомска бомба ја освои главната награда, за најдобра актерска игра, која ја доделија членовите на синдикатот на актерите SAG-AFTRA на церемонија во Лос Анџелес.

Ирскиот актер Силијан Марфи, во улогата на научникот Џеј Роберт Опенхајмер, ја доби наградата за најдобар филмски актер, а неговиот колега Роберт Дауни Џуниор за најдобар спореден актер.

Марфи рече дека се впуштил во оваа професија откако се обидел да продолжи кариера во музиката и често се чувствувал како „натрапник“. „Ова има посебно значење за мене, бидејќи доаѓа од вас“, изјави Марфи пред своите колеги актери додека ја примаше наградата.

Изборите на SAG-AFTRA се внимателно следени, бидејќи актерите ја сочинуваат најголемата група гласачи за Оскарите, главната награда на филмската индустрија.

Се чини дека „Опенхајмер“ е незапирлив. Драмата на режисерот Кристофер Нолан веќе освои трофеи на Златните глобуси, филмските награди BAFTA на британската академија и на други доделувања. Наградите на Здружението на продуценти на Америка, уште еден клучен показател за добитниците на Оскар, ќе бидат објавени в недела.

Наградата SAG за најдобра женска улога отиде во рацете на Лили Гладстон, ѕвездата на „Убијците на цветната месечина“. Гледстон глумеше припадничка на индиската заедница Осаж кој претрпела серија убиства во Оклахома во 1920-те поради земјата богата со нафта.

„Пријатели, колеги актери, го чувствувам доброто што го правите. Ние носиме емпатија во светот на кој очајно му е потребна“, изјави Гледстон.

Да’Вајн Џој Рендолф ја доби наградата за споредна женска улога за нејзиниот портрет на ожалостена мајка во „The Holdovers“. „Каков благослов е да можеш да го правиш она што го правиме. Секој ден се будам обземен од благодарност што сум актерка“, рече Рендолф.

Доделувањето на наградите првпат беше пренесувани во живо на Netflix, во рамките на напорите на компанијата да ја прошири својата програма во живо.

Минатата година синдикатот SAG-AFTRA организираше четиримесечен штрајк против холивудските студија за да се бори за повисоки плати и заштита на вторските права од вештачката интелигенција.

„Посебно ми е задоволство што сум овде со вас во оваа прилика откако минавме низ многу тежок период на штрајк“, рече актерот Идрис Елба во своето воведно обраќање.

Во телевизиските категории, драмата за ресторан „The Bear“ на телевизискиот канал FX-TV ги освои наградите за најдобра актерска екипа во ТВ комедија и актерски почести за ѕвездите Џереми Ален Вајт и Ајо Едебири.

„Голема чест е да се биде дел од оваа заедница. Го сакав тоа целиот живот. Немав план Б“, рече Вајт. .

„Наследството“ на HBO ја обезбеди титулата за најдобра ТВ драма за последната сезона, за битката за контрола на медиумската династија на едно семејство.

Елизабет Дебицки, која ја играше принцезата Дијана во серијата „Круната“ на Netflixс, ја доби наградата за најдобра актерка во ТВ драма. Ѕвездата на „Последниот од нас“ (The Last of Us) Педро Паскал беше прогласен за најдобар актер во ТВ драма и се појави вчудовиден додека одеше на сцената.

„Припит сум… Мислев дека можам да се напијам… Сега се глупирам. Ви благодарам многу!”, изјави Паскал додека го прмаше наградата.

SAG-AFTRA, исто така, ја одликуваше Барбра Стрејсенд, наградувана актерка, продуцент, режисер, пејач и писател, со награда за животно дело.

Пронајдете не на следниве мрежи: