Оперативната добивка на Deutsche Telecom намалена за 4,3 отсто

Оперативната добивката на телекомуникациска компанија Deutsche Telecom падна во првото тромесечје од годината за 4,3 отсто, и покрај поголемите инвестиции насочени кон главните пазари во Европа, соопшти во  средата германската компанија.Заработувачката пред камати, данок, депрецијација и амортизација (EBITDA) и без еднократни ставки, изнесувала во првиот квартал 4,29 милијарди евра.Deutsche Telecom соопшти дека инвестициите во првото тромесечје надминале три милијарди евра, што е речиси за 40 отсто повеќе во однос на минатата година и воглавно е последица на аквизицијата на спектарот на мобилната телефонија во Холандија.Приходите на компанијата во првото тромесечје се намалиле за 4,5 отсто во однос на истиот период лани, на 13,8 милијарди евраОд Deutsche Telecom е соопштено дека се очекува EBITDA, без еднократни ставки за целата година да изнесува околу 17,4 милијарди евра. Ова прогноза ја исклучува заработката од MetroPCS, кој Deutsche Telecom го купи и го спои со својата американска подружница T-Mobile USA.
МакфаксОперативната добивката на телекомуникациска компанија Deutsche Telecom падна во првото тромесечје од годината за 4,3 о

Пронајдете не на следниве мрежи: