Опсесијата со здрава храна е болест и тешко се лекува

Зборот што го опишува човекот кој претерува со водење сметка за тоа што го јаде звучи чудно и тешко е да се поврзе со здрава исхрана. Но, орторексијата е многу поврзана со храната – тоа е нарушување во исхраната кое се манифестира како опсесија со здрава храна.
Луѓето кои боледуваат од орторексија ги оптоварува тоа што секогаш мораат да јадат само она што е здраво, органско и подготвено на одреден начин. За нив е незамисливо да јадат храна од ресторан или храна која не го знаат потеклото и начинот на подготовка.
Некои луѓе, од безопасна потреба да ја променат својата лоша исхрана, одат во друга крајност и паѓаат во орторексија, од која понекогаш не е лесно да се излезе.
Опседнати со чистотата на храната
Орторексијата официјално не е дијагноза, иако почна да го привлекува вниманието на медицинската заедница на почетокот на 21 век.
Често се користи за да се опишат поединци кои покажуваат вознемиреност кога станува збор за потеклото и чистотата на храната, а исто така се опседнати со планирање и подготовка на храната.
Ограничувањата ги смируваат
Колку е поневообичаена и порестриктивна диетата, толку подобро се чувствува човекот кој боледува од орторексија. Доколку оваа состојба трае во изразена форма, тогаш се смета за нарушување (практично е во иста група како анорексијата и булимијата).
Која храна ја избегнуваат?
Луѓето кои патат од орторексија не јадат ништо што не е здраво (секако според нивно мислење), а тоа обично значи дека не јадат ништо слатко, мрсно или храна за која не ја знаат калориската вредност. Ако ја јадат оваа храна, доживуваат голем стрес.
Орторексичарите обично се убедени дека се хранат совршено здраво.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.