Оргазмот согорува мал број на калории, но има здравствени придобивки

Оргазмот е моќно телесно искуство во текот на кое кај мажите и жените се грчат речиси сите мускули, се забрзува здивот и може да дојде до препотување. Со тоа, експертите пресметале колку калории се трошат во текот на оргазмите.
Според истражувањето објавено во списанието “Plos One”, еден просечен маж во текот на сексот согорува четири калории на минута, а жената околу три калории.
“Во сексот кој трае околу шест минути, жените и мажите губат од 18 до 24 калории. Доколку ги земеме предвид срцевите фреквенции, оргазмите траат од 10 до 60 секунди, што значи дека можете да очекувате максимален губиток од четири калории”, објаснила физиотерапевтката и сексуален едукатор Учена Осаи.


Меѓутоа, иако оргазмите не согоруваат многу калории, тие имаат мноштво здравствени придобивки. На пример, тие можат да ве ослободат од болката, да ви помогнат полесно да заспиете, да ги подобрите когнитивните функции и да го подобрат расположението.
Оргазмот ги унапредува мозочните функции, го намалува ризикот од срцев удар и остеопороза и го подобрува здравјето на срцето и мускулниот тонус. Исто така, оргазмите се добри за емоционалното здравје бидејќи ги намалуваат симптомите на депресија и анксиозност.
Во текот на сексот се активираат речиси сите мускули на нозете, рацете, рамената и стомакот, но со новото истражување приказната за губење на тежината во текот на оваа активност “паѓа во вода”. Осаи истакнува дека не смееме да заборавиме дека сексот е најголемиот непријател на стресот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.