Според статистичките податоци, дури 50% од браковите завршуваат со развод, а поголемиот дел од разведените парови го знаат точниот момент кога им станало јасно дека на бракот му дошол крајот. Меѓутоа, организаторите на свадби тврдат дека за некои парови јасно е дека ќе се разведат уште пред да се венчаат, а ова се знаците што укажуваат на тоа…
1. Партнерите се опијануваат уште пред свадбата
Според повеќето луѓе, свадбата без алкохол не е свадба, но количината на алкохол што младенците ја консумираат во текот на вечерта може да покаже колку ќе им потрае бракот. Организаторите на свадби веруваат дека ако сопружниците многу се напијат, тоа е знак дека нешто не е во ред. Ако се опијанат уште пред самата венчавка, работата е уште посериозна.
2. Едниот од партнерите го засрамува другиот
Свадбите се прилично опуштени, но таа опуштеност понекогаш може да се претвори во непријатна ситуација. Ако еден од партнерите чувствува дека другиот го срами, тоа е јасен показател дека засрамениот сопружник повеќе се грижи за впечатокот што го оставаат пред другите отколку за среќата на партнерот.
3. Бившите се некаде во близина
Присуството на бившите на свадбата секогаш предизвикува непријатност барем кај една личност, дури и да не се покажува тоа. Ако ги поканите вашите поранешни партнери на вашата венчавка, тоа може да предизвика проблеми на самата свадба, а ако не дојде до тоа, секогаш ќе биде присутно некаде во потсвеста како повод за караница.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.