Организирани тепачки на малолетници во Капиштец. Кој ги организира?

Две момчиња се тепаат, а стотина други страсно навиваат. Сцената, која наликува на бокс-меч на отворено, ја следат и возрасни луѓе кои заедно со малолетниците го чекаат исходот. Тепачката се случила минатата недела во скопски Капиштец.

Очевидци велат дека оваа борба меѓу децата среде бел ден, во центарот на градот, не се случува прв пат. Пријавиле в полиција, но и по една недела од настанот, МВР се уште го истражува инцидентот.

Содржината ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинарка: Катерија Топалова

Снимател: Борис Каевски

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.