Скоро сите го препознаваат мирисот и вкусот на добрата лесковачка плескавица. Ова е една од нив која мора да ја пробате.
Состојки:
мала лажица црн пипер
малку сол
700 грама свинско мелено
2 лути пиперчиња
100 милилитри масло
100 грама кромид
50 милилитри кајмак
1 лажица дафинка
1 главица лук
300 грама јунешко мелено
Подготовка:
Кромидот и феферонките измешајте ги со месото, додадете лук, црн пипер, зачинска сол, и сол па сè измесете во хомогена смеса. Од подготвената смеса обликувајте плескавици дебели 1 см. Печете ги на скара или пржете во тефлонско тавче на малку масло. На испечените плескавици, додека се уште топли, ставете по една лажица кајмак и веднаш послужете.
Месото е убаво измесено кога ќе се одвојува од рацете.