Орданоски по одморот на Пелистер – Мојот живот оди во нови предизвици, побара правен совет јавно за разводот!

Орданоски по одморот на Пелистер – Мојот живот оди во нови предизвици

Екс-директорот на АЕК, Роберт Орданоски, по објавата на Фејсбук дека се разведува од неговата сопруга Агнеса, денеска објави нови постови НА ИСТА ТЕМА, во кој вели дека по одморот во Молика се враќа дома.

  1. Последна вечер во хотел Молика, Битола … Прекрасен хотел, прекрасна природа, прекрасни луѓе работат во него, ни овозможија прекрасен престој на оваа планина убавица, Баба. Утре е нов ден, полн со предизвици. Одморени, свежи, со позитивна енергија се враќаме да ги решиме сите отворени и затворени проблеми дома. Им благодарам сите на негативните и на позитивните коментари, сигурен сум дека ќе имаат корективно дејство на мојот однос кон животот, кој оди понатаму во нови предизвици, кои треба да се совладаат. Останете живи и здрави, животот е еден, одиме напред со нов елан и нова енергија, напиша Орданоски.
  2. Застанав над Велес да го напишам постов, возам две малолетни деца со мене, не сакам некоја глупост да направам, да пишувам дур возам …
    Дали има некој брачен советник да ми даде малку ум во очајнава ситуација во која се наоѓам … ? Агнеса е преселена кај нејзините, ги преселила и сите нејзини и на децата алишта таму … Го напуштила домот, пред да се вратиме од Пелистер … Бара децата да ги однесам таму … Наводно, ќе сум можел да ги видам кога сакам … Прво сакав да ги носам дома, сепак, мајка им е, не ги видела од Понеделникот, решив да ги однесам таму …
    Што од правен аспект значи оваа циркузијада … ?
    Благодарам за компетентниот одговор што ќе го добијам, тотално сум неспремен за оваа ситуација …
    А јас, ќе си одам сам дома, да поразговарам малку со ѕидовите, да видам што правеле овие 6 дена, дур не бев дома …
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.