Орео колач од само три состојки, за кој не ви е потребен ниту шпорет

Сите понекогаш неверојатно многу сакаат да каснат нешто благо, но немаат волја да поминат неколку часа во кујна.
Ако се препознавте во овој опис, тогаш ќе ве воодушеви рецептот за Орео колач од само три состојки за кој не ви е потребен ниту шпорет.


Инфлуенсерката Елоис Хед објавила рецепт кој станал вистински хит на социјалните мрежи и делува навистина вкусно.
Сè што ви е потребно е 750мл. слатка павлака, 50гр. шеќер во прав и отприлика 60 Орео бисквити (во зависност од големината на садот во кој ќе го правите колачот).
Слатката павлака и шеќерот во прав измешајте ги во сад додека не добиете соединета смеса.
На дното на садот на кој ќе го правите колачот наредете Орео бисквити, па додадете тенок слој од смесата. Потоа повторно наредете бисквити, па премачкајте ги со тенок слој и така додека не ги потрошите Орео бисквитите.
Ставете го колачот во фрижидер да постои 3 до 4 часа, а потоа сервирајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.