Оризопроизводителите се соочуваат со една од најтешките кризи во последните години, како директна последица на погрешните политики на Владата на Христијан Мицкоски.
Половина од ланското производство сè уште стои по амбарите затоа што нема организиран откуп.
Наместо државата да обезбеди пласман на домашното производство, илјадници тони ориз пропаѓаат, а земјоделците стравуваат дека ќе ги изгубат плодовите од својот труд.
Дополнителен проблем е што Владата на Мицкоски сè уште не кажува каква ќе биде откупната цена за новата реколта, ниту кога ќе бидат исплатени субвенциите.
Земјоделците влегуваат во нова производствена сезона без никаква сигурност и без поддршка од институциите.
Во исто време, најавите за драстично ниска откупна цена не ги покриваат ниту основните трошоци за производство. Со вакви политики, оризопроизводството се турка кон целосен колапс.
Огромни количини ориз остануваат изложени на пропаѓање, што претставува дополнителна економска штета за земјоделците и ризик за целиот регион.
Оризот со децении беше препознатлив македонски производ и значаен извозен потенцијал.
Откупната цена во времето на СДСМ беше над 40 денари е сега не е ниту 20 денари за килограм.
Поради неспособноста на Владата на Мицкоски, производителите ја губат довербата во институциите, а сè повеќе се доведува во прашање опстанокот на ова стратешко производство.
По две години владеење, ВМРО го уништи земјоделство, ги осиромаши и понижи земјоделците.
СДСМ бара Владата итно да обезбеди организиран откуп на заостанатите количини ориз, да ја објави откупната цена за новата реколта, да ги исплати заостанатите субвенции и да преземе конкретни мерки за спас на оризопроизводството пред да биде предоцна – се вели во соопштението на СДСМ
Пронајдете не на следниве мрежи:



