Кокосот и праската се вкусови кои прекрасно се надополнуваат, а кога ќе додадете и мајчина душица ќе добиете едно сосема поинакво уживање за вашите сетила.
Потребни состојки:
4 мали праски
2 лажички мед
5-6 гранки мајчина душица
400 мл кокосово млеко
50 грама кокосов крем
Начин на подготовка:
Измиените праски излупете ги и исечкајте ги на триаголници. Наредете ги во огноотпорна тава и додајте го медот и исечканата мајчина душица. Печете околу 15-ина минути во загреана рерна на 180 степени. Испечените праски ставете ги во блендер, заедно со сокот кој го пуштиле при печењето.
Додајте го кокосовото млеко и крем, а потоа измешајте ја целата смеса. Оставете ја смесата да се олади, а потоа изматете ја како сладолед со помош на миксер и мешајте додека не се изедначи. Оставете ја да замрзне неколку часа, а потоа послужете го вашиот нов десерт.