Потребни состојки:
250 г праски
250 мл сок од праски
2 ванилин шеќер
Половина ќесичка пудинг од ванила
1 голема лажица шеќер
500 г полномасен, густ јогурт
20 г шеќер
1 пакување шлаг
Начин на подготовка:
Најпрвин подгответе ја смесата со праски. Повеќе од половина од праските смелете ги, промешајте ги со сок и додајте шеќер, пудинг од ванила, ванилин шеќер и измешајте.
Ставете да се вари додека да се појават меурчиња. Тргнете од шпорет и сипете во чаша и оставете да се излади.
Во јогуртот додајте шеќер. Изматете го шлагот според упатството на употреба и промешајте го со јогуртот. Во чашите додајте ги останатите праски исечкани на коцки, па преку јогуртот додајте од смесата која претходно ќе се излади.