Оскаровецот Хоакин Феникс ќе го глуми Наполеон

Оскаровецот Хоакин Феникс ќе го глуми Наполеон

Ќе режира Ридли Скот. Ова гарантира извонреден филм.

Познатиот холивудски режисер Ридли Скот, кој моментално работи на филмот „Последниот дуел“ со Мат Дејмон, веќе го има планирано својот следен блокбастер.

Осумдесет и две годишниот режисер на „Гладијатор“ одлучил да го покани Хоакин Феникс, ѕвездата на неговиот хит од 2000 година, во улога на Наполеон во историската сага „Kitbag“.

Засега се знае само дека филмот ќе ги прикаже раните години од животот на идниот француски император и неовиот непоколеблив и истраен подем во француската политика, јави портaлот Татлер. Насловот доаѓа од зборовите „патничка торба“, и се повикува на поговорката од времето на наполеоновските војни: „секој војник во својот ранец го носои жезлото на маршалот“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.