Ослободени двата православни епископа грабнати во Сирија

Ослободени се двајцата епископи коишто беа киднапирани во понеделникот во Сирија јави AFP, а биле грабнати од страна на чеченски џихадисти кои се борат на страната на вооружената сириска опозиција, соопштија во вторникот попладне црковни извори, нивното ослободување го побараа сите поглавари на православните цркви а за нив се моли и папата Франсиск, пренесуваат агенциите.„Двајцата свештено служители се ослободени и во моментов се наоѓаат во црквата на свети Илија во Алепо“, се наведува во информацијата на агенцијата која се повикува на неименувана асоцијација којашто, пак, се повикува на анонимен извор од територијата на Сирија.Уште се соопштува дека свештениците биле ангажирани на решавање на хуманитарните проблеми на локалното население во селото Кафр Даел, во близина на границата меѓу Сирија и Турција.Двајцата епископи грабнати во Сирија, челникот на локалната епархија на Сириската Маронитска црква, Јохана Ибрахим и епископот на митрополијата во Алепо на Грчката православна црква, Павле Јазиги. Епископите биле киднапирани од милитантите во сириската провинција Алепо доцна ноќта во понеделникот во близина на сириско-турската граница, соопшти Сириската црква. Притоа, напаѓачите ги застрелале возачот и уште еден ѓакон од архиепископијата во Алепо. Свештениците биле ангажирани во хуманитарна работа во северниот дел на Сирија. Епископот Павле од Алепо, инаку, е брат на патријархот Антиохиски (грчки), Иоан.„Според примените информации, вооружена група Чеченци го запрела автомобилот и ги грабнала епископите. Возачот е убиен“, објави епископатот на северниот сириски град Алепо каде што живее бројно христијанско малцинство.Грција ги презема сите мерки за ослободување на двајцата епископи грабнати во Сирија, челникот на локалната епархија на Сириската Маронитска црква, Јохана Ибрахим и епископот на митрополијата во Алепо на Грчката православна црква, Павле Јазиги, соопшти претходно во вторникот портпаролот на грчката влада, Симос Кедикоглу. Додаде дека премиерот на Грција, Антонис Самарас, побарал од министерот за надворешни работи, Димитрис Аврамопулос, кој е во Брисел на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија, да ги преземе сите мерки за ослободување на епископите, односно о д партнерите во Европската унија и во НАТО. Аврамопулос, исто така, остварил телефонски разговор со новиот шеф на сириската опозиција, Џорџ Сабра, кој увери дека веднаш ќе дејствува тие бидат пронајдени и ослободени.Претходно во понеделникот сириската државна агенција SANA објави дека епископите се грабнати во областа на провинцијата Алепо.Католичката новинска агенција Asianews јави дека „идентитетот на грабнувачите сé уште не е јасен“ и потсетува дека епископот Јохана Ибрахим ги осудуваше грабнувањата и убивањата на христијаните, како и ограбувањата и уништувањата на христијанските светилишта од страна на сириските сунитски бунтовници во текот на нивната двегодишна борба да го соборат од власта претседателот Башар ал-Асад кој припаѓа на алавитскот малцинство (огранок на шиитскиот ислам), кој ја има поддршката од умерените сунити, од христијаните, друзите а Курдите во овој конфликт останаа настрана.Според некои извори епископот Ибрахим бил во хуманитарна мисија во обидот да ослободи двајца свештеници грабнати уште пред два месеца. Епископот често бил посредник во преговорите за киднапираните христијани коишто во сириската граѓанска војна се во многу неповолна ситуација, бидејќи отсекогаш биле на ударот на сунитското мнозинство коешто е поддржувано од соседните исламски земји, а на страна на сириската вооружена опозиција се борат и многу припадници на радикални исламистички групи од странство.Христијаните се особено ранливи во сирискиот судир, бидејќи сочинуваат околу десет  отсто (арапски, асирски и ерменски  христијани), од вкупно 22,5 милионско население на Сирија и не се вооружени и немаат своја милиција, какви што имаат другите етнички или верски заедници во оваа земја.Серускиот и московски патријарх Кирил ја повика во вторникот меѓународната заедница да „се обедини и што побрзо да ги пронајде грабнатите епископи“, а владите на западните земји ги повика да „престанат да ги поддржуваат екстремистите кои бараат власт, бидејќи тоа што се случува во Сирија не е граѓанска војна, туку обид за соборување на постојниот режим со надворешна помош“.Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франсиск „интензивно се моли за здравјето и за ослободување на двајцата епископи“, објави портпаролот на Ватикан, отецот Федерико Ломбарди додавајќи дека папата се моли и за „сирискиот народ“, за да се стави крај на „хуманитарната драма и да се појават вистински шанси за мирот и помирувањето“.Повик за ослободување на епископите упати и католичкото лаичко движење – задницата на Свети Егидиј, која своето дејствување го посвети на дијалогот меѓу верските заедници. „Епископите од почетокот на судирот работеа за мирен соживот“, се додава во апелот на ова движење.
МакфаксОслободени се двајцата епископи коишто беа киднапирани во понеделникот во Сирија јави AFP, а биле грабнати од страна н

Пронајдете не на следниве мрежи: