Османи: Избркав 17 руски дипломати, ги фатив како комуницираат со луѓе во важни институции

Министерот за надворешни работи Бујар Османи синоќа во емисијата „Политика“ соопшти колку руски дипломати протерал во рок од 2 години од неговиот мандат како главен дипломат.

„Само во последните 2 години протерав 17 руски дипломати од Македонија, ги прогласив за персона нон грата. Знаеш зошто ги објавив? Затоа што ги фатив како директно комуницираат со луѓе во важни институции“, рече меѓу другото министерот Османи.

„Не за Русија, да за Европа, е најважното мото во наредните години, бидејќи мора да направиме конечно раздвојување на руското влијание во оваа мултиетничка држава“, заклучи Османи.

Пронајдете не на следниве мрежи: