Османи оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Естонија Урмас Реинсалу

Денес министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Естонија Урмас Реинсалу.

Во фокус на разговорите:

➡️ Нарушената безбедносна архитектура во Европа и справувањето со истата, особено во светло на нашето претседавање со ОБСЕ и напорите за ставање крај на воената агресија врз Украина.

➡️Сојузништвото во рамки на НАТО – од примарно значење во услови на сериозни ризици по европската безбедност.

➡️ Естонска конзистетна поддршка за нашиот евроинтегративен процес, со охрабрување посветено да продолжиме со реформите за обезбедување придобивки за граѓаните на Македонија.


Пронајдете не на следниве мрежи: