четврток, 12 ноември 2026
Најново

Осми „Марш за ангелите“ во Кочани

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денеска во 16 часот и 5 минути, семејствата на загинатите во трагичниот пожар во кочанската дискотека ќе го одржат осмиот по ред „Марш за ангелите“. Toj ќе започне од Паркот на револуцијата и ќе се движи низ централните улици – преку Трговскиот центар, пред зградата на Општина Кочани, Полициската станица, Основниот суд и Јавното обвинителство.

Организаторите упатија јавна покана до сите граѓани кои сакаат да ја поддржат нивната борба за вистина и правда, да им се придружат на маршот. Мајките на загинатите деца се обратија до мајките. Машрот се организира секој викенд, во истиот термин.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На минатиот марш, тие порачаа правосудните институции да не си играат со нивното трпение, а дека нивниот молк кажува многу.

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека истрагата за пожарот е завршена. Вкупно 46 лица се осомничени за тешки кривични дела против општата сигурност, меѓу кои и 14 полициски службеници, чии предмети се водат од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал.

Поврзани вести