Основале лажна фондација за да заработуваат од донации

МВР поднесе кривична пријава против две лица кои со цел да заработат за свои лични потреби формирале Фондација со име „Допир“, која активно работела на собирање средства за помош на деца со посебни потреби и ретки болести.
Се работи за лица на 53 и 49-годишна возраст, со иницијали М.Ш и А.Ш. Двајцата креирале веб страна, а полицијата утврдила дека лицата за кои се собираат донации на страната не постојат, односно креирани се измислени, лажни, фиктивни профили преку кои веб-страницата собирала донации и парични средства. Измамниците вкупно собрале 3.531.199 денари, јави МВР.
По направената анализа на банкарските сметки било констатирано дека од собраните парични средства, пријавените повлекувале за сопствени потреби. Паричните средства од фондацијата се замрзнати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.