Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (4 април 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание:
– ВМРО-ДПМНЕ предизборно ветува распуштање на Судскиот и на Советот на јавни обвинители – можно ли е, без тој преседан да биде вовед во разрешувања при секоја идна промена на власт;
– Остварливо ли е ветувањето на СДСМ за просечна плата од 1100 евра и минимална од 600 евра до 2028 година;
– Карванот „Граѓаните против корупцијата“ во Кичево и во Крива Паланка – репортажа;
– Млад правник и политиколог иницираат општествена дебата за зборообразувањето во македонскиот јазик фрустрирани од спонтаното користење англиски термини;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.