Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во објава на социјалната мрежа Х (Твитер) ги повтори тврдењата дека првите луѓе на безбедносните сили не го предупредиле за нападите на Хамас на 7. октомври, привлекувајќи остри критики како очигледен обид да се избегне одговорноста за катастрофата.
Тој ја сподели оваа објава, а девет часа подоцна ја избриша, додека утрово се извини, јавуваат израелските медиуми.
- Таравари: ВМРО-ДПМНЕ има рок до јануари 2025 година за уставните измени!
- (Видео) „Рацете на власта се крвави“, голем граѓански протест во Нови Сад
- Тепачка на концертот на Јелена Розга: Полицијата итно реагираше
- (Видео) Се запали автомобил на автопатот Велес-Скопје
- Холивудската ѕвезда откри: „Сознанието дека наскоро ќе умрам, ми ја промени кариерата“
- Левица поднесе кривична пријава за градоначалникот на Росоман
- Цените на угостителските услуги не престануваат да растат
- ФБИ предупредува на лажни снимки за изборите, Си-ен-ен: Русите стојат зад тоа
- 27-годишен работник почина по тешка повреда на градилиште во Центар
- Кривична пријава против лица кои ја отвориле железничката станица во Нови Сад без употребна дозвола
„Наспроти неточните тврдења: под никакви услови и во ниту една фаза премиерот Бенјамин Нетанјаху не беше предупреден за воените намери на Хамас“, пишуваше во оригиналниот текст што беше објавен нешто по еден часот по полноќ, по заедничката прес-конференција одржана со Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант и членови на воениот кабинет.
Во објавата се наведува дека сите безбедносни службеници, вклучително и првиот човек на военото разузнавање и директорот на Шин Бет (разузнавачка служба за внатрешна безбедност), оцениле дека Хамас е заплашен и бара договор.
„Таа оценка постојано ја доставуваа до премиерот и до Владата сите безбедносни сили и разузнавачката заедница, до избувнувањето на војната“, стоеше во објавата од кабинетот на Бенјамин Нетанјаху.
Еден час по бришењето на објавата, Бенјамин Нетанјаху се извини и утрово напиша дека „згрешил“.
„Работите што ги кажав по прес-конференцијата не требаше да се кажат и жал ми е поради тоа“, порача Бенјамин Нетанјаху.
Тој додаде дека целосно ги поддржува првите луѓе на безбедносните служби и упати зборови на охрабрување до началникот на Генералштабот на израелската Армија, командантите и војниците кои се на првите линии и се борат за, како што вели тој „нашиот дом“.
Изјавата на Бенјамин Нетанјаху, во која тој изгледа дека вината ја префрла на безбедносните службеници за пропустите што доведоа до масакрот на 7. октомври, наместо самиот да ја прифати одговорноста, предизвика остри критики од неговиот воен кабинет.
За потсетување, повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили, беа убиени во нападите на Хамас врз јужен Израел, а околу 230 беа заробени и однесени во Појасот Газа како заложници.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.