Осум години затвор за пијаниот возач што го уби Мартин Димитров од Кратово

Во Основниот суд во Куманово во понеделникот беше изречена пресуда од осум години затвор за Златко Јовановски од Кратово, кој во алкохолизирана состојба минатата година го усмрти 33-годишниот пешак Мартин Димитров.

Јовановски е неправосилно осуден за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Несреќата се случила на 19 јануари 2024 година, кога возачот со автомобил го удрил Димитров, кој подоцна починал на 12 март, по повеќе од 50 дена лекување во скопска болница. На изрекувањето на пресудата не присуствуваа ниту обвинетиот ниту неговиот адвокат, туку само родителите на настраданиот, Орце и Убавка Димитрови.

Семејството најави дека ќе побара обвинителството да поднесе жалба и да бара построга казна.

Пронајдете не на следниве мрежи: