Ние македонците во Р.Хрватска сме високо ценети од страна на Хрватската држава.
Р.Хрватска без преговори и услови ги даде сите човекови права на нас Македонците.
Ни даде право на самоопределба ,право на изјаснување на својата национална и верска
определба, право на образование на свој мајчин јазик, право на изградба на прва православна
македонска црква воопшто на овие простори, право на учество во локалната самоуправа
,право на учество во политичкиот и јавен живот на државата. Право на застапеност во
медиумите како и многу други човекови права токму поради нашето гордо и достоинствено
декларирање како Македонци. Ние сме признати како вредни,трудолјубиви,лојални и ценети
граѓани на оваа држава токму поради нашиот идентитет како Македонци.
Господине Заев ви порачуваме да се соберете,да се освестите,да се разбудите од
налудничавиот сон, да застанете очи в очи сам со себе , и да си поставите прашање : Во што ли
тоа се претворив?
Вашиот став и начин на водењето политика претставува силен удар кој непрекидно го задавате
на Македонија.
Вие со вашето своеволно политичко делување ,со вашите потези при потпишувањето
безсмислени договори, со вашите изјави во обраќањата во медиумите странски и домашни
,како и изјавите во гореспоменатото интервју за БГНЕС извршивте големо национално
предавство, испревртувајќи ги историските факти и преиначувајќи ја вистината.
Антифашистичката борба е во темелите на современата Македонска држава.
Ве потсетуваме дека има се уште помеѓу нас живи учесници во НОБ кои ја сведочат
вистината.Има помеѓу нас луѓе чии предци биле жртви на фашистичкиот Бугарски окупатор,има
луѓе кои изгубиле членови од своите семејства во таа борба за слобода.
Ве потсетуваме господине Заев дека ние воопшто не сме во заблуда околу историските факти
бидејќи историјaта освен од учебниците ја слушавмеи учевме директно од своите баби и
дедовци.
Антифашистичката борба,борбата против османлиското ропствио и општо гледано целата
Македонска историја е многу пати опеана во народните песни,насликана и извајана од врвни и
угледни уметници, кипари и вајари, напишана и прераскажана од нашие ценети
писатели,поети и дејци кои со гордост правеле записи за нашето постоење .
Зарем не се срамите сите нив да ги негирате и згазите?
Зарем не се срамите да кажете дека сите тие и ние сме во заблуда?
Зарем не се плашите од клетвите и аманетите чија пролеана крв,чии коски и гробови ги
сквернавите ?
Зарем не, господине Заев?