Откажана посетата на Лавров на Белград. Нема како да стигне до таму

Посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Србија беше откажана откако околните земји го затворија својот воздушен простор за неговиот авион, изјави извор од руското Министерство за надворешни работи за новинската агенција Интерфакс, пренесува Ројтерс.

Откажана посетата на Лавров на Белград. Нема како да стигне до таму

И нашата држава излезе со идентичен став.

Од Министерството за надворешни работи во Скопје за Радио Слободна Европа потврдија дека Северна Македонија го одбила барањето на руската амбасада да се прелета авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров низ воздушниот простор на таа земја.

Изворот го потврди пишувањето на српските медиуми кои наведуваат дека Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора го затвориле својот воздушен простор за авионот што требало да го превезе рускиот дипломат во Белград.

„Нашата дипломатија допрва треба да ја измисли телепортацијата“, рече изворот, според Ројтерс.

Црна Гора, Бугарија и Северна Македонија го забранија летот на руски владини авиони преку нивниот воздушен простор, пред најавената посета на Лавров на Србија, објави Спутник, што за медиумите го потврди и портпаролката на МНР Марија Захарова.

Одбивањето на голем број европски земји да пуштат авион со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Србија е показател за комплекс на политичка инфериорност, изјави претседателот на меѓународниот комитет на Советот на Руската Федерација, Григориј Карасин, РИА Новости.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.