четврток, 12 ноември 2026
Најново

Откако го покажа двоглавиот орел, Селма повторно влезе и го отпеа овој хит, јавноста уште повеќе збесна

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На интернет се појави видео од Селма Бајрами како ја пее албанската песна „Вале Косоваре“ и прикажува двоглав орел.

Ова многумина го осудија, а откако пејачката проговори, „повлече“ уште еден потег.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Селма го испеа хитот на Лепа Брена, „Југословенка“, а на крајот испрати бакнеж.

Да потсетиме, се огласи Селма и рече дека не се плаши бидејќи никого не навредила.

– Немам причина да се плашам, бидејќи верувам дека никому не сум му се заканила. Ги сакам сите добри луѓе на овој свет и сите народи – истакна таа за Телеграф.

Со оглед на тоа што многу колеги на Селма проговорија за споменатото видео, пејачката откри дека никој лично не и’ се обратил.

-Никој не направи ништо, но драги мои, ме поддржаа оние кои ме познаваат, кои се и од Србија. Луѓето што ме познаваат, знаат која ми била намерата. Очигледно е дека некому сум му пречела, па планирале линч против мене. Времето е дете на вистината, кое сè открива. Не се срамам од своето потекло и ги сакам сите луѓе – изјави пејачката.

Поврзани вести