Apple во 2018 година ќе има најверојатно три нови смартфони, а најмоќниот од нив ќе се вика iPhone X Plus (2018). Сега, според последните достапни информации се открива и неговата големина, односно дисплејот ќе има дијагонала од 6.5 инчи.
Сепак, со тоа што ќе биде искористен Full дисплеј со засек на врвот на екранот, ќе има слична димензија во височина како и iPhone 8 Plus од минатата година. Со целосна искористеност на предната површина iPhone X Plus (2018) ќе биде совршено изработен и многу компактен.