Откриени нови детали за „новата девојка“ на Бен; „Таа не е љубовница и не е како Џеј Ло“

Работите се вжештуваат и се погласни се шпекулациите за потенцијална романса меѓу Бен Афлек и Кик Кенеди.Како што пишува „Дејли мејл“, актерот и наследничката на богат политичар често поминуваат време заедно, но со голема претпазливост.Според извор за споменатиот таблоид, Кик Кенеди не сака да биде етикетирана како „љубовница“, и поради оваа причина ја држи во тајност средбата со Афлек.„Бен и Кик имаа нешто пред да се вратат кај Џенифер Лопез“, започна инсајдерот:„Тие немаа афера за време на неговиот брак со Џеј Ло, но интересно е што Бен повторно почна да се дружи со Кик веднаш по барањето за развод. View this post on Instagram A post shared by Page Six (@pagesix)“Таа не е љубовница и не е како Џеј Ло. Приватниот живот го чува само за себе”, изјавил за Daily Mail извор близок до Кик.Изворот истакнал и дека ќерката на политичарот не ја интересира мислењето на поп-пејачката, бидејќи „и онака ѝ се допаѓа Бен“.Да потсетиме, поп пејачката Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек се разведуваат по две години брак. Пејачката пред само неколку дена поднесе барање за развод, а како причина ги наведе „непомирливите разлики“. Како што пишува во правните документи, тие се разделиле на 26 април годинава, а единствено познато е дека секоја страна ќе си ги сноси своите трошоци.

Пронајдете не на следниве мрежи: