Француската и белгиската полиција трагаат по накит вреден 102 милиони долари украден од Лувр, а истрагата сега води до „подземјето“ на индустријата за накит во Антверпен, за која се верува дека со години била „канал за перен украден накит од цела Европа“.
Во часовите по грабежот во Лувр , белгиската полиција доби предупредување преку мрежата „Розов дијамант“ следена од Европол да биде подготвена за обиди за продажба на украдениот накит.„Од моментот кога се случи, особено во Антверпен, бевме во состојба на готовност“, изјави еден полицаец за Ројтерс.
Chasing the Louvre loot: Inside Antwerp's jewellery underworld https://t.co/7Ke8ILmxKO— The Straits Times (@straits_times) November 12, 2025
Истражителите ги прегледале снимките од безбедносните камери, ги провериле француските регистарски таблички и ги предупредиле локалните златари „да не ги допираат“ потенцијално препознатливите парчиња злато.
Француските власти започнаа истрага против четири лица, но украдениот накит сè уште не е пронајден.Канцеларијата на парискиот обвинител соопшти дека „се разгледува секое сценарио“.Антверпен со векови е центар на светската трговија со дијаманти, но и дом на „растечко подземје“, истакнува агенцијата.
here are the jewels that were stolen from the louvre museum in seven minutes, worth several million euros, including several jewels that could not be valued pic.twitter.com/4FCWShExgS— ✭ (@badestoutfit) October 21, 2025
Според полициските и судските извештаи, некои од приближно 300-те продавници за накит управувани од трговци со грузиско потекло се поврзани со нелегално купување и препродажба на украдено злато и скапоцени камења.Антверпен веќе беше во фокусот на вниманието во претходните случаи – по грабежот на ријалити ѕвездата Ким Кардашијан во Париз во 2016 година, водачот на бандата призна дека продавал злато и дијаманти во градот.Оттогаш, неколку истраги го открија криминалниот коридор Франција-Белгија, преку кој банди од Балканот и Источна Европа го пренесуваат својот плен на купувачи од Антверпен.Истражните извештаи од Антверпен наведуваат дека постои „силна врска меѓу златарите и трговците со дрога“ и дека некои златари се вклучени во перење милиони евра криминални пари.Во 2017 година, тогашниот градоначалник на Антверпен, Барт Де Вевер, наредил да се инсталираат камери за препознавање лица во продавниците за накит, но според изворите, тие биле „инсталирани, но никогаш не биле вклучени“.Полициските службеници се сомневаат дека пленот од Лувр тешко дека ќе најде купувач дури ни во Антверпен.Скапоцените камења се уметнички препознатливи, со големи сафири и дијаманти, а малкумина полирачи би се осмелиле да ги обработуваат.„Не се лесни пари. Златото лесно се топи. Но, овие скапоцени камења се премногу познати“, рече еден полицаец.
The post Откриено каде завршил накитот од Лувр: Ким Кардашијан заплеткана appeared first on Во Центар.



