четврток, 12 ноември 2026
Најново

ОТКРИЕН ВТОР СЛУЧАЈ НА ИНДИСКИ СОЈ ВО ЗЕМЈАВА

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Регистриран  е втор случај на индискиот сој на коронавирусот во земјава.

Се работи за уште еден наш граѓанин кој дојде од Ирак, а се лекувал во една од приватните болници. Ова денеска го потврди министерот за здравство Венко Филипче по посетата на реновираниот Здравствен дом во Битола.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во последните 24 часа се направени 3.074 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на КОВИД-19 од:

Скопје, Прилеп, Тетово и Кочани – по 1.

Регистрирани се 68 оздравени пациенти од:

Скопје – 32, Куманово и Кичево – по 6, Тетово, Охрид и Струмица – по 4, Струга и Делчево – по 3, Кочани и Неготино – по 2, Прилеп и Македонска Каменица – по 1.

Поврзани вести