четврток, 12 ноември 2026
Најново

Откриен нов детал од НАЈПОЗНАТАТА ПРЕЉУБА НА КОНЦЕРТ: Јавно го осуди шефот во чии раце беше фатена

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Иако јавноста со месеци беше фокусирана на виралното видео од концертот на бендот Coldplay , се чини дека вистинската приказна дури сега излезе на виделина. Кристин Кабот реши да стави крај на шпекулациите и да стави до знаење дека сè е завршено засекогаш.

Дефинитивниот крај на аферата од концертот

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во своето последно појавување, Кабот откри дека кратко по скандалот донела конечна одлука – целосно да го прекине контактот со својот поранешен шеф, Енди Бајрон.

Без многу разубавување, таа објасни што е одлучено:

„Тој не беше личност каков се преправаше дека е. За мене, лагите се неприфатливи.“

Иако не сакаше да даде дополнителни детали, таа јасно стави до знаење дека разочарувањето е длабоко и неповратно.

Приватниот живот под јавен надзор

Кабот призна дека најтешко за неа било тоа што нејзиниот приватен живот преку ноќ станал тема на целиот свет.

„Знам колку е тешко кога личните работи се изнесуваат во јавноста“, рече таа, додавајќи дека токму тоа оставило најсилен белег врз неа и нејзиното семејство.

Таа особено истакна дека, по виралното видео, била изложена на сериозни навреди, па дури и закани, поради што решила јавно да проговори.

Таа апелираше до сите да престанат со говорот на омраза и осудите, нагласувајќи дека ваквите реакции имаат реални последици.

Скандал во позадина

Да потсетиме дека целиот случај започна за време на концерт кога Кабот и нејзиниот тогашен шеф беа снимени на камера пред десетици илјади луѓе, а коментарот на пејачот Крис Мартин дополнително ја загреа ситуацијата.

Сепак, како што стојат работите сега, виралниот момент беше само почеток – додека вистинскиот епилог дојде подоцна, преку лични одлуки и тешки резови.

Поврзани вести