четврток, 12 ноември 2026
Најново

Откупот на тутун никако да започне, производителите се нервозни

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дури осум од десетте компании што откупуваат тутун сѐ уште не почнале со откупот. На теренот се само Прилепскиот комбинат и малата компанија „Кавекс“ од Неготино, јавува МИА.

Од Сојузот на земјоделски здруженија велат дека „не знаат зошто откупувачите молчат и тактизираат“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

– Досега никоја од компаниите не известила кога ќе почне со откупот, ниту знаеме зошто молчат и тактизираат. Тутунарите почнуваат да се прашуваат што се случува, се создава притисок, неизвесност- вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

Од Министерството за земјоделство потврдуваат дека за денес закажале состанок со компаниите за откупот на тутунот.

Откупувачите ја користат законските можност – имаат рок до 15 декември да ги отворат пунктовите. Токму поради ова земјоделците бараат законските измени за прецизен датум за почеток на откупната кампања.

– Сакаме во Законот за тутун да го внесеме првиот и последниот ден на почеток и крај на откупот. Односно, откупот на тутунот да почне на 1 декември и да трае до 28 февруари. Досега е дадена можноста компаниите да може да почнат од 15 ноември и со краен рок да ги отворат пунктовите до 15 декември. Вака компаниите тактизираат со почетокот на откупот – објаснува Ристески.

Поврзани вести