Отсекогаш истакнуваше дека живее здрав и активен живот, а сега откри „мали тајни“

Џесика Алба веќе долго време е позната по тоа што води здрав живот и јавно зборува за тоа како практично му пристапува на своето здравје.
Таа редовно вежба и секој ден го започнува на најдобар можен начин. Кога станува збор за вежбање таа не претерува, здраво се храни, но си дава и простор за да се почести. Сега таа има неколку совети за сите кои сакаат да живеат здрав живот.
Започнете го денот со смути
Актерката изјавила дека таа и нејзините деца најмногу сакаат да го започнат денот со смути. Додава бадемово масло за да обезбеди доволно масти и потоа сака да пие кокосова вода.
Не се казнувајте себеси


Џесика признава дека одвреме навреме си ги исполнува желбите за храна. Кога се чувствува лошо, вели дека се чести себеси, бидејќи не сака да се казнува со храна.
Сами подготвувајте си ги оброците
Тоа е најлесниот начин да дознаете што јадете. Во лето може да купите здраво овошје и зеленчук, па искористете го тоа за здраво да се храните.
Држете се до органска храна
Најздрава е органската храна, но таа е малку поскапа. Доколку можете, засадете некој зеленчук во вашиот двор и на тој начин ќе заштедите.
Грицкајте пуканки
Актерката е голем фан на овие крцкави грицки. Таа ги јаде речиси секој ден и ги приготвува со хималајска сол и масло од кокос.


Хидратацијата на прво место
Водата е круцијална за одржување на здравјето и важен фактор за живот. Според неа, водата е важна и за блескава кожа, коса, како и за енергија.
Шетајте и слушајте добра музика
Одењето може да ви помогне да се ослободите од вишокот килограми и да се ослободите од целулитот. Одлично е и за циркулација, а ако со тоа искомбинирате и добра музика, тогаш ќе имате одличен резултат.
Пробајте јога и танц
Џесика сака да оди на јога и да комбинира различни видови тренинзи. Она по што ја паметиме е и улога во еден филм каде ги покажа сите способности за танцување. Затоа не е ни чудно што еден од нејзините предлози е танцот.
Вежбајте го задникот и трчајте
Мускулот gluteus е голем мускул кој често е занемарен кога нашиот начин на живот е во прашање, бидејќи многу седиме. Затоа е важно да ги раздвижиме овие мускули со вежбање, а за тоа најдобра вежба е трчањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.