Заседава Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, тема е излегувањето на Таравари од власта

Вечерва се одржува редовна седница на Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата, според најавите, ќе се разговара и за актуелните случувања со Арбен Таравари и неговото крило на Алијанса за Албанците, кои одлучија да ја напуштат владината коалиција и отсега да дејствуваат како опозиционери.

Највисокото партиско тело на ВМРО-ДПМНЕ треба да разговара и за евентуалната смена на ресорите, во која партијата би го добила ресорот Здравство. Ваква можност вчера најави и Биљал Касами од „Вреди“.

Пронајдете не на следниве мрежи: