ОТСТРАНЕТЕ ГО НЕПРИЈАТНИОТ МИРИС ОД ОБУВКИТЕ! Овие 3 трикови ќе ви помогнат во тоа!

Непријатниот мирис на обувките доаѓа од бактериите кои се намножиле во нив, па затоа најдобар начин да го неутрализирате е да ги елиминирате бактериите.
Постојат многу трикови кои можат да ви помогнат во тоа, а овие се покажаа како најефективни.
Мешавина од жалфија и лаванда
Доколку имате листови жалфија и гранчиња лаванда, можете да ги користите како средство за отстранување на непријатниот мирис од чевлите. Измешајте ги, па наредете ги на ѓонот и оставете ги да отстојат преку ноќ, по можност на отворено место, за чевлите да бидат изложени на свеж воздух. Протресете добро наутро и ќе бидете воодушевени од ефектот.

Цитруси
Наместо да ја фрлате кората од портокал или лимон, задолжително зачувајте ја, па исечете ја на помали парчиња и оставете ја да отстои во чевлите преку ноќ. Отстранете ја кората наутро и не само што вашите омилени патики повеќе нема да мирисаат непријатно туку ќе мирисате на прекрасен мирис на цитрус.
Сода
Дали е можно да се состави список на корисни трикови за одржување на хигиената без сода бикарбона? Очигледно не!
Има огромна примена во домаќинството: се користи за отстранување на тврдокорни дамки, чисти ѕидови, плочки, дезинфекција на кади и многу повеќе, а можете да ја користите и за избелување на забите или како пилинг за кожата.
Покрај сето тоа, оваа кралица на триковите „направи сам“ може да ви помогне да ги неутрализирате непријатните мириси на чевлите. Сѐ што треба да направите е да истурете една лажица сода бикарбона во чевлите, но толку внимателно што убаво да ја распоредите по целиот ѓон. Оставете да отстои преку ноќ, па добро протресете и ќе мириса како ново!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.