недела, 29 ноември 2026
Најново

Отстранувањето на влакната таму доле може да има опасни последици

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

За голем број жени, редовното средување на бикини зоната е нормално колку што е и чешлањето на косата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Всушност, 87 проценти од жените кои што учевствувале во новото испитување, објавено од American Journal of Obstetrics & Gynecology отстрануваат нешто повеќе или сите влакна од интимните делови, а 90% го прават тоа почесто со брич, отколку со депилација.

Меѓутоа, студијата исто така укажува и дека отстранувањето на влакната може да има опасни последици.

Се докажува дека голем број жени што ги отстрануваат влакната се подложни на инфекции. Овие инфекции вклучуваат и  исекотини што не се видливи со голо око, поткожни влакна и чешање.

Најголемиот проблем настанува поради неправилното третирање на кожата после третманите. Помалку од 5 проценти од жените одат на доктор кога ќе се јави таков проблем. Ист број на жени не разговарале за сигурно отстранување на влакната со својот гинеколог. И без оглед на тоа што оваа појава не делува сериозно, многу е важно да се знае дека се зголемува можноста за појава на сексуално преносливи инфекции, вклучувајќи херпес и ХПВ вирус.

Меѓутоа, ни пуштањето да обраснат не е решение. Гинеколозите ги советуваат жените да користат стерилизиран електричен брич, наместо оној со стандардно сечило, како и да гледаат сечилото да биде секогаш ново. Кога ќе завршите со бричење, измијте се и корисете чист пешкир без да го триете од интимната зона. Тоа ќе ве заштити.

Доколку почувствувате било какви „симптоми“ обратете се кај стручно лице.

Поврзани вести