Откако денес претходно беше потврдено заминувањето на Горзад Михаилов, Вардар го назначи Горан Петрески за нов тренер.
Петрески беше во клуб од пред неколку недели, а сега ќе ја преземе улога на главен тренер.
„Горан Петрески официјално е нов предводник на екипата на ФК Вардар. Тој ќе ги предводи црвено-црните во новите предизвици и веруваме дека своето знаење, богатото фудбалско искуство како и високиот степен на професионализам, ќе успее на најдобар можен начин, да ги пренесе на екипата. Во името на клубот му посакуваме многу среќа и успех во работата и се надеваме дека заедно ќе се радуваме на победите на големиот Вардар“, објави Вардар.
Ќе потсетиме, заминувањето на Михаилов дојде изненадувачки по победата на Вардар во дербито со Пелистер.