Официјално: Мицкоски тајно заминал надвор од државата на патување „од приватен карактер“

Инфомакс утрово објави дека премиерот Христијан Мицкоски заедно со неговиот баџанак бизнисмен со фирма во Петрич -Бугарија кој живее во Струмица Јорданчо Јанев – Дано и нивните семејства заминале со авион вчера наутро во 4 часот и 20 минути за Виена Австрија.

Некаде околу 3 по полноќ на 8-ми мај премиерот и баџанакот ги чекирале своите авиобилети и се качиле на авион кој полетал во 4 и 20-тина минути за Виена, Австрија.

Од Владата за Либертас потврдија дека премиерот е на патување, како што нагласија „од приватна природа“.

Сепак премиерот практично заминал „тајно“ без обезбедување и без задолжително соопштение да ја извести јавноста дека ќе биде отсутен затоа што отпатувал надвор од државата.

И денеска во штуриот одговор од владата на нашето прашање освен што ги потврдија гласините дека се точни и заминал надвор од државата приватно, иако и за приватно имаат обвска да ја известат јавноста каде и колку денови ке биде тоа патување. Се додека е Мицковски премиер дали е приватно или службено владините служби се должни да известат.

Пронајдете не на следниве мрежи: