Охридско макало

1 главица лук
2 филџани бајат леб
1/2 филџан масло
1/4 филџан бел оцет
сол
малку мелени ореви (по желба, не мора)
На лебот отстранете му ги корките, ставете го во сад и прелијте го со вода. Откако ќе омекне со раце исцедете ја водата.
Чешнињата лук истолчете ги во аван или измиксајте ги во блендер.
Во сад ставете ги исцедениот леб и истолчениот или измиксан лук. Почнете да матите со миксер и капка по капка додавајте го маслото. Откако ќе добиете хомогена смеса (како мајонез) додадете ги оцетот и оревети.
Посолете по вкус и уште кратко матете го макалото со миксерот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.