четврток, 12 ноември 2026
Најново

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во финансиската консолидација на градот.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, во интервју за поткастот „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“, објавен на порталот „Скопје1.мк“, појасни дека во моментов не станува збор за класични концесии за плажите, туку за систем на закуп на простор за поставување урбана опрема. Тој нагласи дека ваквиот начин на управување создава приход што повторно се вложува во градот, преку Општината и јавното претпријатие.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Не е класична концесија, туку секој плаќа за користење на плажата. Општина Охрид, заедно со обврските што ги имаат кон ЈП ‘Охридски комуналец’, на годишно ниво има приближно 700.000 евра приход“, изјави Пецаков во интервјуто за „Скопје1.мк“.

Овие приходи, според градоначалникот, значително помогнале во раздолжувањето на Општината. Тој истакна дека организираното уредување на плажите следело откако тие претходно биле затворени, посочувајќи дека тоа бил свесен чекор со јасна цел за финансиско заздравување.

Поврзани вести