Охриѓанец се повредил при пад во шахта, тужел и сега треба да плати 200.000 денари на ЈПНискоградба

Охриѓанецот Илија Џепароски на ЈП „Нискоградба“ треба да и плати оштета од двесте илјади денари за изгубен спор кој го покренал по случка на улицата „Јане Сандански“, каде паднал во отворена шахта.

Охриѓанец се повредил при пад во шахта, тужел и сега треба да плати 200.000 денари на ЈПНискоградба

Објаснуваќи го случајот, Џепароски вели пред околу една година на улицата разминувајќи се со луѓе пред продавницата Рамстор, паднал во отворена шахта и се здобил со повреди, поради кои шест месеци одел по болници, со лонгета на ногата.

Вели дека се чувствува и како лице со инвалидитет- Пишува ОхридЊус.

Случајот го дадов на суд. Прво од ЈП „Нискоградба“ пробаа да се договорат со мене, но јас не прифатив и ги дадов на суд. Но, за жал во овој суд се уште има судии кои не ни дозволуваат да ја истераме правдата. Јас ги тужам за паѓање во отворена шахта, спорот го губам. Случајот го водеше судијата Богоја Стрезоски.

Не само што не добив оштета, туку го изгубив и спорот и сега јас сум во ситуација што треба да платам отштета на претпријатието „Нискоградба“. Судијата вели по брза постапка го решил случајот, изразувајќи сомневање дека во позадина има некаков договор.

Судот не ги зеде во предвид нашите докази, не ги зеде предвид ниту видео снимките од камерите за надзор од маркетот, фотографии од шахтата, повика само еден минувач кој ме крена од шахтата. Пресудата беше со едно образложение, дека сум морал да гледам кај одам.

Да биде уште поголем апсурдот, по губењето на спорот во Охридскиот суд, се жалевме во Апелациониот судот во Битола. Во пресудата пишува дека шахтата била обезбедена. Никаде во случајот не се водеше дека шахтата е обележана, јас паѓам во необележана шахта.

Да беше обележана немаше да паднам. Ова е најголемата неправда, едно е на рочиште, а друго се пушта во дописот во Битола. Ги повикувам судијата и вештаците уште еднаш да ми кажат дали шахтата беше отворена или не, зошто ако беше затворена јас немаше да паднам во неа. Шахтата беше од метал, на нејзе имаше фрлено камења и околу 60 сантиметри беше отворена. И два дена по случката ЈП „Нискоградба“ ја санираше шахтата, вели Џепароски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.