Бразилскиот напаѓач Ендрик, кого Реал Мадрид го донесе од Палмеирас за 60 милиони евра пред три години, ќе оди на позајмица во Лион во јануари.
Оваа информација ја објави шпанскиот „АС“.
Ендрик играше само на два натпревари оваа сезона, а вкупно помина 22 минути на теренот. Ова е драстично помалку од минатата сезона под водство на Карло Анчелоти.
За потсетување, Реал го купи пред три години, а Ендрик пристигна од Палмеирас во трансфер вреден 60 милиони евра минатото лето, кога стана полнолетен.
Покрај Мбапе, Винисиус, Родриго и Гонзало Гарсија, тој не успеа да се избори за минутажа и инсистираше да оди на позајмица за евентуално да биде во селекцијата на Бразил за претстојното Светско првенство.
The post Очајна сезона: Реал му плати 60 милиони евра a го испрати на позајмица во јануари appeared first on Во Центар.



