ОЧЕКУВАВМЕ ПЕНДАРОВСКИ ДА ЗАГУБИ, НО НЕ ТОЛКУ КАТАСТРОФАЛНО: Шефот на бугарскиот дел од Историската комисија изненаден од резултатите

Иван Илчев, историчар и шеф на бугарскиот дел од Мешовитата комисија со Македонија за историски и образовни прашања, со први впечатоци од првиот круг на македонските претседателски избори.

– Мислам дека не знаат по кој пат ќе тргнат. Очекувавме Пендаровски да загуби, но не толку катастрофално – коментира Илчев за Бугарската национална телевизија (БНТ).

За овие 5-6 години работа во комисијата, кога во Скопје имаше „бесна антибугарска реторика“, главно во медиумите, луѓето на улица никогаш не покажаа предрасуди кон него како Бугарин, нагласи историчарот.

Пронајдете не на следниве мрежи: