Ако се знае дека Фокус е промицковски настроен тогаш најновата анкета добива уште повеќе на тежина. Резултатите се поразителни за БЕЛАТА ПАЛАТА и нејзиниот ВОЖД.
Произлегува дека константната политика на поделби внатре во ткивото на македоската десница ја ситни опозицијата (проценете сами дали намерно или не некој ова цело време го прави). Така што истражувањето само ќе ги потврди гласините дека во последно време паѓа рејтингот на Мицковски како и на неговата партија.
Дополнително огромен проблем за Мивковски е и тоа што еден Ковачевски за кој никој нема поим кој е и што е и од каде е, па и зошто е, има поголем рејтинг како шеф на Владата, која е постојано подложена на редица критики…
Хајката која ја започна Мицкоски против Груевски очигледно е неуспешна затоа што покрај тоа што Груевски има поголем рејтинг од Мицкоски, ваквиот непромислен потег на актуелниот претседател на партијата го намали и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа во предизборен период.
Како што можете да видите, анкетата покажува дека Мицкоски има рејтинг од 10,5, а Груевски од 11,1 процент.
После анкетата на ИРИ, ова е второ истражување кое покажува повисок рејтинг на Никола Груевски во однос на Христијан Мицкоски, но и во однос на Ковачевски.
- Жител на Дебар украл мотор од двор на куќа во струшко, па го оставил во нива
- Мендух Тачи излегува од Европскиот фронт, ќе комуницира само со Ахмети
- Филипче: РЕК Битола не работи, граѓаните плаќаат огромни сметки за струја
- Да помогнеме, потребни се 90.000 ЕВРА за лекување на Бојана во странство!
- Борел во одбрана на Гутереш: Изpаел ја помина границата