Дознајте што треба да прави секој знак на денот на затемнувањето на Сонцето, 25 октомври!
Кон крајот на месецот, на 25 октомври 2022 година, ќе има делумно затемнување на Сонцето во знакот Вага. Според астролошките прогнози, ова ќе биде настан од големи размери кој радикално ќе го промени животот на повеќето знаци! Рускиот астролог Надежда Чернишева откри како да се однесуваме за време на затемнувањето, што го прави посебно и што ќе ни донесе.
Особеноста на ова затемнување е што се случува на денот на младата месечина, во астрологијата овој феномен се нарекува „Црна месечина“. Во тој период се чувствува силен психолошки притисок и прекумерна емотивност. Исто така, Венера на овој ден ќе се приближи до Сонцето, што може негативно да влијае на љубовните врски.
Големиот број на планети во близина на Сонцето сугерира дека затемнувањето ќе биде исклучително значајно и судбоносно. Ќе не принуди да дејствуваме брзо и одлучно, да заокружиме и да ставиме крај на врските и настаните кои долго време не мачат. Резултатите од затемнувањето нема да се видат веднаш, туку во следните шест месеци.
На денот на затемнувањето и една недела потоа, во никој случај не треба да потпишувате важни договори, бидејќи во спротивно многу ќе зажалите. Сонцето посилно влијае на мажите, особено на лидерските позиции, па подобро е да избегнувате „бранувања“ на работа. Почекајте најмалку 7 дена. Исто така, овој период не е поволен за поставување цели, правење планови и слично, туку фаворизира учење, самоанализа, свртување кон духовноста итн.
Овен
Овенот ќе биде сериозно погоден од овој аспект. Некој конечно ќе реши да му признае се на партнерот и да се предаде со целото срце и душа, додека некој очекува ненадеен прекин во врската.
Бик
Овој период ќе биде вистинско изненадување за Биковите. Вашата интуиција е неверојатно силна, сè што некогаш сте мислеле, сега гледате од друга перспектива. Ќе имате корист од ова.
Близнаци
Ова затемнување може да ги поттикне Близнаците да ги спакуваат куферите и да патуваат, не само за туризам, туку целосно да го свртат својот живот и да ја бараат среќата во друга земја.
Рак
За Раковите ќе дојде одлучувачки момент во бизнисот. Некој ќе најде нова работа, додека други, напротив, ќе останат без неа. Што е најважно, овие промени ќе бидат чекор напред за Раковите.
Лав
Лавовите треба да очекуваат изненадувања поврзани со семејството, постарите браќа или сестри. Во нивниот живот ќе се случи неочекувана промена, која ќе се одрази и на овој знак. Не навлегувајте во расправии.
Девица
Девиците треба посебно да внимаваат на своето здравје. Совет е да се посветите на јога или медитација, техники кои ќе ја намалат нивната напнатост и ќе ги заштитат од болести. Можно е непланирано патување.
ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНАТА 2 КАДЕ ШТО ЌЕ НАЈДЕТЕ МНОГУ КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ НА ОВАА ТЕМА 👇👇👇
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.