Дел од корисниците не можат да пристапат на своите профили на социјалната мрежа Фејсбук.
Многу корисници ја гледаат пораката за грешка:
„Извинете, нешто тргна наопаку. Работиме на тоа и ќе го поправиме што е можно поскоро.“
Проблемот влијае на пристапот до Фејсбук за корисниците во повеќе региони. Мета сè уште не објави официјално соопштение во врска со причината за прекинот.
Дел од корисниците се пожалија дека не можат да пристапат ниту на социјалната мрежа Инстаграм.



