Пак црн чад од Ватикан, уште без нов папа

Црн чад се издигна над Сикстинската капела и во средната на пладне, што значи дека на утринската сесија на конклaвите не е избран новиот челник на Римокатоличата црква.

Кардиналите електори, 115 од 117 со право на глас (двајца не допатуваа во Рим), првпат гласаа за изборот на наследникот на папата Бенедикт Шеснаесетти во вторникот попладне, а потоа уште двапати во средата претпладне.
 
По двата турнуса од гласањето во средата од оџакот на Сикстинската капела повторно излезе густ црн чад, на разочарување на собраните верници на блискиот плоштад на Свети Петар.
 
Во среда попладне ќе се одржат уште два круга од гласање, а 115-те кардинали повторно ќе се затворат во Сикстинската капела за да го изберат 266-от папа, откако во февруари ненадејно и ненајавено од понтификатот се повлече Бенедикт Шеснаесетти.
 
Кога кардиналите ќе го договорат новиот папа, од оџакот на Сикстинската капела ќе излезе бел чад, а за секој случај изборот ќе го објават и камбаните од Базиликата на свети Петар.
Макфакс
Црн чад се издигна над Сикстинската капела и во средната на пладне, што значи дека на утринска

Пронајдете не на следниве мрежи: