Палачинки од зеленчук
Потребни состојки:
Компири – 3
Моркови – 3
Црвен кромид – 1
Зелени тиквички – 3
Рузмарин – 2 лажици
Сушена мајчина душица – 1 лажичка
Јајца – 2
Сол и бибер – По вкус
Сончогледово масло – По вкус
Бело брашно – 1 шолја
Начин на подготовка:
Изрендајте го зеленчукот, измешајте го и истиснете што можете повеќе течност. Додајте ги зачините. На смесата од зеленчук додајте брашно и јајца. Измешајте со миксер или пак со раце и зачинете по желба.
Обликувајте во форма на топчиња и стиснете со цел да добиете облик на помали палачинки. Пропржете со минимално додавање на масло. Послужете по вкус, со кисела павлака.