Потребно е:
1 јајце
10 лажици брашно од хељда
100 ml минерална вода
200 ml обична вода
1 прстофат сол
1 прстофат прашок за пециво
1 лажица масло
Подготовка:
Во сад ставете брашно со прашок за пециво, прстофат сол, јајце, масло, минерална вода и обична вода. Сè добро измешајте, па оставете ја смесата да отстои малку. Во тавче пропржете ги палачинките, од двете страни, додавајќи по потреба малку вода.