Палевски одговара на бројните прашања од адвокатот и тврди дека убиството на Вања ќе остане неодгатнато

Со одговори на над 30 прашања од неговиот адвокат, Јовица Страшевски и без дополнителни докази првообвинетиот за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчово својот исказ пред судот им се спротивстави на доказите и аргументите на Обвинителството кое го товари дека тој е убиецот на жртвите. На рочиштето во судот тој на долго ги анализираше и се спротивставуваше на доказите на Обвинителството, но и на исказите што пред него ги дадоа другите обвинети, конкретно обвинетите Велибор Манев и Влатко Кешишев. Доказите на обвинителството ги прогласи за фалсификати и порача дека не може човек да биде прогласен за виновен само со искази, без материјални докази.
-Не може да се прогласи човек за виновен, доколку, покрај изјава, нема материјален доказ. Но, материјалниот доказ е оспорен со два државни сервери од кои произлегле докази со кои се докажува дека времињата на видеото се неточни – рече Палевски.
На денот кога беше убиена Вања, Палевски тврди дека читал вести, пиел кафе, го шетал кучето и бил во банка.
Повеќе тука
The post Палевски одговара на бројните прашања од адвокатот и тврди дека убиството на Вања ќе остане неодгатнато appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: