200 г палента
200 г праз
650 г конзервирани домати
400 г свежи шампињони
200 г доматно пире
1 лажица сечкан магдонос
1 лажица сечкани листови целер
3-4 чешниња лук
50 мл бело вино
120 г леќа
1 лажица сув зачин
1 лажичка сув босилек
сол
Палентата сварете ја според упатството на кесичката. Нанесете ја во тава и кога ќе се излади со чаша вадете тркалезни форми.
Сварете ја леќата и исцедете ја.
Празот ситно исечкајте го и динстајте го на масло додека омекне. Додадете ги шампињоните (исечкани на листови), зачинете и динстајте уште 10-тина минути. Потоа додадете ги исечканите домати и лукот, и динстајте уште 30-тина минути. На крајот додадете ги доматното пире, сварената леќа, целерот и магдоносот, и измешајте.
Прелијте со виното, зачинете со босилекот и со сосот прелијте ја палентата.