Некогаш одамна некој мудар човек рекол: „Сè додека човек е во потрага по мудроста, сè дотогаш го заслужува називот мудрец. Штом се вообрази како да ја испил сета мудрост на светов, тогаш веднаш станува будала“.
Луѓето не сфаќаат дека не е паметен оној кој многу зборува и не е интелигентен секој кој многу знае. Интелигенцијата ја имаме помешано со некои површни работи кои немаат врска со неа.
Паметен човек не е оној кој знае сè за секого, кој постојано е во тек во новитетите и слично. Паметниот човек не е нужно ниту оној кој завршил факултет. Паметниот човек е оној кој умее да размислува и да се сконцентрира.
Оној што знае за мера, знае што е култура и што е чесност. Паметниот човек е оној кој знае својата мудрост да ја примени во реалниот живот, и тоа не само за своја корист, туку во корист и добробит на сите луѓе.
Паметниот човек не е оној кој најмногу знае за животот, за светот, за планетите… Обично оние кои сметаат дека знаат најмногу, всушност не знаат ништо и сето она што го говорат е само добро приготвен говор со кој сакаат да изгледаат како уште попаметни.
Паметниот човек не се расправа со некој будала, бидејќи знае дека не би бил ништо подобар до него самиот. Будалата обично трча по неволјите или самиот создава неволји, а паметниот човек бега од нив.
Затоа честопати ќе го нарекуваат „слабак“ или „кукавица“, но тој е далеку од тоа. Неговата интелигенција не му дозволува да се заморува и да си го троши времето на туѓи глупости.
Душко Радовиќ еднаш има кажано: „Паметните имаат можност да бираат, да бидат паметни или глупави, како повеќе им одговара. Глупавите немаат избор“. Но, паметниот човек секогаш ќе одбере да биде паметен.
За жал, живееме во такво време, кога паметните луѓе најчесто и најмногу се пони-жени. Живееме во време кога паметните луѓе мора да го премолчат сето она што сакаат да го кажат, само за да не се навреди будалиот.
Денес ништо не вреди помалку отколку паметниот збор во ушите на неразумен човек. Ако си паметен – ќе бидеш наречен „будала“. Ако си успешен – ќе бидеш наречен „себичен“. Ако си добар, ќе бидеш наречен „глумец“.
Денес се чини како да сè е контра од она што би требало. Но, така е, како што е. И уште неколку поговорки за крај: „Кој ги памети зборовите станува паметен, а кој ги памети бајките станува мудар“; „Птиците се познаваат по пеењето, а луѓето по зборувањето“; „Бог да нè чува од неразбрани“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.